Мамо, излегов со пријателите. Отидов на една забава и се сетив што ми рече пред да излезам: "Немој да пиеш, ако возиш." Затоа, испив еден спрајт . Се почувствував горда со себе за, за тоа што го послушав твојот совет , и за разлика од многу мои пријатели бев трезна ! Го Направив својот избор, и твоите зборови беа свети за мене. Кога забавата заврши, луѓето почнаа да се качуваат по своите автомобили, пијани. Јас се качив во мојата кола , и земав неколку пријатели пијани со сигурност дека сум во состојба да возам и да ги отнесам дома - живи и здрави . Тогаш, Мамо, не можев дури ни да замислам што ме очекува. Нешто неочекувано силно ме удри ... Сега сум тука легната - на земјата и прости ми ги слушам полицајците да зборуваат: "Момчето, кое го удри овој автомобил е пијан , но е жив е ". Мамо, гласовите се толку далечни ..! Крвта ми е насекаде и се обидувам со сите сили да не заплачам . Можам да ги чујам и докторите: "Девојката нема да издржи". Сигурна сум мамо дека момчето што ме удри, не сакаше да ме рани. Но зошто ...? Тој пиел, а јас треба да умрам. Зошто животот е толку неправеден, мамо? Зошто луѓето го прават тоа , знаејќи дека можат да избришат толку животи ..? Мојата болка во моментов е огромна, се едно ме бодат со илјадници ножеви. Мамо, кажи и на сестра ми да не се плаши, кажи му на татко да биде силен. И те молам, оди кај момчето и му дај совет, како даде на мене. Можеби, ако неговите родители му беа рекле да не пие , сега ќе бев жива, мамо! Здивот ми слабее се повеќе и повеќе, и почнувам да се плашам навистина. Тоа се моите последни моменти и се чувствувам толку сама. Како сакав да можеше да си до мене сега, мамо, додека сум тука на земјата, како умирам . Сакав да ти кажам толку работи и сакав да ти кажам мамо, дека те сакам толку многу! Ветувам ќе те чувам, да бидам твојот ангел, и да те бранам како што направи ти. Збогум мамо. " Овие зборови се напишани од новинарката, која била на местото на инцидентот. Додека умирала , девојката и ги шепоти овие зборови. А од вас не се бара ништо .. едноставно само да се замислете и да ги контролирате своите постапки ...





Топ

Скоро

Најнови

Лајкувај Чат
Lapiscina Baner



Што прави аеродромец у мааоло ..

Ti ne si ti, koga ne si ti.. x/

Како тоа јас и ти сме се смувал..

ОД АПНАНА ЧУШКА И ОД ОСТАВЕНА ..

Sto pravi aerodromec u maalo igra tabla,a sto pravat ce..